Проблемот „маж или мечка“

Дилемата излегува од сите агли на интернетот, и многу е језива. Се прашуваат жени дали порадо би биле заглавени во шума со маж, или со мечка, и одговорот е секогаш - мечка. Зошто? Затоа што најлошо што може мечката да ти направи е да те убие. Сега, прочитајте го тоа уште еднаш.

Дискусиите се поразителни за светот во кој што живееме. Мислења споделуваат и жени кои имале среќа да не настрадаат од маж, и такви што за жал споделуваат што сè им направиле мажи со кои имале несреќа да заглават на само. И такви се сведоштвата, да едно е сигурно - мечка тоа никогаш нема да го направи.

Меѓу поболните се мечка нема да те заклучи во кола додека не „заврши со тебе“. Четири мечки нема да те држат на смени додека не „ѝ пројде редот на секоја“.

@haylz715 #manvsbear #manvbear #manvbeartrend #fyp #fypage #xyzbca #fypシ ♬ original sound - Claire Boyer

Ставот е дека мечката само ќе те убие, па дури можеби ни тоа. И маж можеби само ќе те убие. Ама статистички, излегува дека може многу погадни работи да смисли.

Просто е неверојатно колку е блиску до 100 процентот на жени што би се чувствувале побезбедни ако видат мечка во шума, отколку непознат маж. Неверојатно е дури и колку луѓе најглупо на свет не ја сфаќаат поентата на „трендот“, кој не само што зборува, туку урла на цел глас дека општеството нешто греши, па се појавуваат видеа каде што се „оспорува бирањето мечка“, па „како така бирате мечка, а ваму барате мажите да ве заштитат“ и слично. 

Има и еден пример со маж, што на прашањето со кого би сакал ќерка му да заглави во шума, одма има проблем. После неколку потпрашања - мечка си е мечка.

8 мај 2024 - 00:00