Спортинг е нов шампион на Португалија - Лисабон обоен во зелено

Фудбалерите на Спортинг Лисабон ја освоија 20. шампионска титула во нивната клупска историја откако сјајната сезона ја крунисаа синоќа со победа од 3:0 против Портимоненсе. Во меѓувреме и Бенфика изгуби па „лавовите“ и теоретски ја обезбедија па прославија титулата.

На две кола пред крајот Спортинг Лисабон е прв, Бенфика втора. Ова е 20-та титула за Спортинг Лисабон кој по број на шампионски пехари е зад Бенфика која има 38 и Порто кој освоил 30.

Тренерот на Спортинг, младиот Рубен Аморим веќе важи за еден од најталентираните млади струњаци во Европа. Ливерпул беше силно заинтересиран за него, да дојде на „Енфилд Роуд“ и да биде замена за Јирген Клоп но Аморим одбил и решил да остане во Спортинг.

Тој седна на клупата на лавовите во 2020-та и веднаш во 2021-та ја прекина доминацијата на Порто и Бенфика. Освои титула уште во првата сезона како тренер на Спортинг, освои уште два Купа а сега и втора шампионска титула после три години.

 

 

„Рекоа дека не можеме да освоиме титула, па после викаа дека не можеме да освоиме две титули, но еве сме тука“, рекол Аморим од бината на големата прослава на титула во Лисабон.

Останувам во клубот. Имам договор со Спортинг и не размислувам за промена на средината. Освоивме шампионска титула и ова е посебен момент за мене“, додал Аморим кој има договор со „лавовите“ од Лисабон до 30-ти јуни 2026-та година.

Рубен Аморим ќе има шанса за уште еден трофеј со клубот од Лисабон зошто во финале на Купот на Португалија на 26-ти мај ќе игра против најголемиот ривал Порто.

Илјадници навивачи на Спортинг со овации им честитале на играчите кои од отворен автобус ги поздравувале по улиците на Лисабон.

6 мај 2024 - 12:56