Убавата страна на фудбалот со стратегот на Борусија Дортмунд

Во 12 години долг и ултра богат арапски проект, Парижаните за тренери ги имаа Карло Анчелоти, Лорен Блан, Унаи Емери, Томас Тухел, Маурицио Покетино, Кристоф Галтие, Луис Енрике. Никој од нив нема испишано приказна како Един Терзиќ.

Сите овие тренери беа привилегирани со богати договори и дрим тимови, ама затоа ја немаа убавината како онаа со приказната на Един Терзиќ, која има душа.

Се работи за млад 41 годишен стратег, со кратко тренерско портфолио кој со оваа работа се занимава од крајот на 2020-та како тренер на Борусија со еден прекин.

Пред да го има овој сениорски ангажман, во периодот од 2010-та до 2013-та работел како скаут и асистен тренер во академијата на Борусија, кога првиот тим го водеше Клоп.

Има две искуства и како асистен тренер во Бешикташ и Вест Хем на повик на Славен Билиќ.

Роден е во Германија, татко му е Босанец, мајката Хрватка, а освен германско, има и хрватско државјанство. 

И сега внимавајте на овој негов редослед во животот. По втор пат ќе оди на Вембли во финале од ЛШ, со таа разлика што првиот пат како навивач на Борусија, а сега како тренер. 

8 мај 2024 - 13:42