Денвер и Јокиќ декласирани со 26 поени разлика

Актуелниот шампион на НБА драстично си го отежна патот кон одбраната на титулата. Минесота води 2:0.

Денвер Нагетс го загуби и вториот натпревар во полуфиналето од Западната конференција и тоа пред своите навивачи, овој пат со голема разлика од 106:80.

Тимот со најдобра одбрана во регуларниот дел од сезоната одигра маестрален натпревар со 11 украдени топки и 12 блокади.

Минесота најави дека ќе граби кон втор триумф во Денвер уште на полувреме во кое имаше огромни 61:35 или +26 со кој заврши мечот.

Ентони Едвардс и Карл Ентони Таунс ги предводеа „Волците“ со по 27 поени, а од клупата добија помош од Наз Рид и Никел Александер Вокер кои постигнаа по 14 поени.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 16 поени, 16 скока и 8 асистенции, а најлош беше Џамал Мареј со скромни 8 поени и ужасен процент од игра 3/18. Арон Гордон запиша 20 поени.

Нагетси сега се во огромни проблеми. На следните два меча домаќини се Минесота.

7 мај 2024 - 08:29