Најјако пецкање на колото

Бизарна ситуација имаше на големото дерби во претпоследно коло од Премиер лига синоќа. Тотенхем го пречека Манчестер Сити. На гостите само победа им вршеше работа за шампионската титула за која се бркаат со Арсенал. И кога Халанд даде два гола, навивачите на Тотенхем со аплауз ги проследија.

Во еден момент за време на еден гол на Халанд скандирале „Are you watching Arsenal?“

Ваквиот однос ептен го изнервирал тренерот на Тотенхем Постекоглу кој дури и жестоко вербално нападнал еден навивач зад клупата.

15 мај 2024 - 12:24