„Столе од кошаркар го направив ракометар“
23 април 2024
- Три децении на македонската ракометна сцена гравитира стратегот Симе Симовски. Зборуваме за поранешниот селектор на женската младинска и сениорска репрезентација на Македонија, тренер на машкиот и женски клуб Металург, тренер на ЖРК Вардар во ерата на Самсоненко, а сега предводник на женскиот македонски првак ЖРК Ѓорче Петров.
- „Тој Вардар ми го отвори чипот, средина на различни структури на народи, погледи и мислења. Во тие 7-8 години имаше Шпанци, Данци, Руси, Хрвати, Срби...тренери и играчи и од сите можеше по нешто да се купи. Фаќав забелешки кај Раул на тренинг и ако нешто не ми беше јасно, ќе седневме и ќе поразговаравме“.
- „Во тој период Столе, кој ми е внук од прва братучедка, тренираше кошарка во МЗТ. Доаѓаше на тренинг во Гази Баба. Столе како Столе фолирант, но го оставив познавајќи го, а и не ми беше репер дека треба да биде играч. Со патиките секое утро ме чекаше пред кола за да одиме на тренинг.
- Ристо Чокрев ми вели: Добро дете. Му одговарам: Добар е, ама кошаркар. Чокре вика: Не, овој ракометар ќе биде. Потоа и другите од управата го убедуваа да остане во ракомет и така и се случи“, вели Симовски во интервју за 24 ракомет.